Run Together

Run Together 1 km

15 ноември – 13:30 ч.

Трчаме Заедно!Фондација Ице Бегов

Run Together – Трчај заедно, поддржи заедно!

Трчаме заедно: деца, родители, рекреативци, спортисти и лица со попреченост. Со вашата котизација и поддршка ја правиме трката бесплатна за лицата со попреченост и нивните асистенти.

Трчај Со Срце

Заедно, без граници!

Сите Сме Победници

Заврши ја патеката и почувствувај ја радоста!

November Run – Run Together

Фондацијата „Ице Бегов“ заедно со Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ ја организираат третата по ред инклузивна хуманитарна ненатпреварувачка трка од 1 km „November Run – Run Together“.

Run Together е трка што ги менува животите – момент кога лицата со телесна и друга попреченост конечно се чувствуваат еднакви, кога заедно со своите соученици и пријатели трчаат, се смеат и победуваат; момент кога хуманоста и емпатијата стануваат најсилната енергија.

Настанот има за цел да промовира спорт, инклузија и заедништво.


Пакетот се избира во формата за пријава.
За да активираш пакет, внеси 1 во полето за количина.

Стандардна котизација — 300 ден

Маичка, медал, торбичка, ужинка.

Поддржувач — 600 ден

Трчаш + овозможуваш учество за лице со попреченост.
Твојот чекор е нечиј почеток.

Херој — 2.000 ден

Трчаш + Големо срце, големо влијание + благодарница и јавно признание.

Виртуелен тркач — 300 ден

„Трчај со нас, без разлика каде си! Прати фотографија и ќе ја шириме заедничката енергија на Run Together и надвор од Гевгелија.“


Секој учесник кој ќе присуствува на трката добива уникатна драјфит маичка и медал од Run Together 2025. Маички добиваат и поддржувачите, шампионите и хероите.

Стандардна котизација — 300 ден Маичка, медал, торбичка, ужинка.
Шампион — 1.000 ден (најпопуларно) Трчаш + поддржуваш повеќе учесници + твоето име е на „Ѕидот на поддршка“.
Херој — 2.000 ден Трчаш + Големо срце, големо влијание + благодарница и јавно признание.
Виртуелен тркач — 300 ден „Трчај со нас, без разлика каде си! Прати фотографија и ќе ја шириме заедничката енергија на Run Together и надвор од Гевгелија.“

напомена

НАПОМЕНА:
При подигање на стартните пакети, потребно е да ја покажете потврдата што Ви е испратена на емаил, како и лична карта, односно патна исправа за странските натпреварувачи. Подигањето на стартниот пакет нема да биде дозволено без приложување на наведените документи.

Малите тркачи ќе имаат уникатна можност да го почувствуваат духот на натпреварувањето и забавата! Сите учесници ќе бидат информирани за евентуалните промени преку официјалните дигитални канали на организаторот. Дојдете навреме и подгответе се за едно незаборавно искуство! Родителите се охрабруваат да ги бодрат своите мали шампиони и да ги поттикнат на позитивно и весело натпреварување.