Правила и прописи
Правила за учество
Условите за учество на трката November Run Gevgelija 2024 се предмет на Општите услови на натпреварот и се задолжителни за секој регистриран учесник на настанот.
- Секој учесник трката ќе ja започне на своја одговорност и ризик! Учесниците се лично одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба, како и за можноста да ја завршат трката во избраната категорија. 2. За време на натпреварот, од безбедносни причини, препорачливо е да не слушате музика и да не носите слушалки. 3. Водичи или други лица на велосипеди (или други средства), не смеат да ги придружуваат учесниците и затоа ќе бидат исклучени од полицијата или од организаторите. 4. Организаторот има право на денот на трката да го одбие учеството на тим или тркач кој носи маица со пораки кои поттикнуваат национална, верска и/или нетрпеливост, односно омраза по друга основа. 5. Според правилата на IAAF, прифаќањето освежување е дозволено само во областите на станицата за освежување. 6. Сите учесници мора да ги почитуваат упатствата на судиите, техничките лица и организаторите. 7. Учесниците прифаќаат дека употребата на нивното име, глас, фотографија или видео материјал му припаѓаат на организаторот, вклучително и сите видови рекламирање на радио, ТВ и Интернет и други комерцијални активности на организаторот. 8. Со пополнување плаќањето и подигањето на пријавата учесниците се согласуваат со Правилата за учество. 9. Регистрацијата станува важечка по извршена и евидентирана уплата. 10. Повреда на овие правила може да доведе до дисквалификација!
Правила за детска трка
- Учесниците се поделени во три групи: Категорија 1 (2011-2012-2013 година), Категорија 2 (2014-2015-2016-2017 година) и Категорија 3 (2018 и помлади). Стартот на трките ќе биде дополнително објавен и ќе биде во близина на споменикот на Сава Михајлов. Ќе има три посебни старта кои ќе бидат одделени на 30 минути и тоа најпрво Категорија 1, Категорија 2 и последни Категорија 3.
- За првите три места во секоја категорија машки и женски, обезбедени се пехари и дипломи. Секој учесник кој ќе ја финишира трката ќе добие финишер медал. Стартното бројче треба да биде поставен на учесникот. Мерењето и резултатот е со чип кој се наоѓа зад стартниот број. Победниците се утврдуваат по времето измерено со чип односно Chip time.
- Пријавувањето се врши online, и истото ќе трае до 20ти октомври. По овој датум нема да биде можна регистрација. Цената на пријавата е 300 денари. Трката е лимитирана на 700 учесници, доколку се исполни бројката порано, пријавите ќе бидат затворени пред наведениот датум.
- Родителите/старателите на трката се одговорни и вршат проценка за физичката спремност на своето дете, како и тоа дали истото треба да трча со придружба. Дозволена е придружба на децата во сите 3 категории.
Правила за November run – Run Together 1 km
Со оваа трка сакаме да ги вклучиме сите лица, без разлика на попреченоста која ја имаат, дека трчањето нема граници! Физичката активност на сите луѓе, а особено со организирање и учество на вакви настани имаат цел за промоција на заедништво и подобрување на колективното физичко и ментално здравје. Нашата долгорочна цел е да ги охрабруваме сите луѓе, без разлика дали имаат видлива или невидлива попреченост да споруваат.
Правила за учество:
- Трката е од ненатпреварувачки карактер! Секој може да учествува! Сите учесници кои ќе ја поминат патеката од 1 километар се победници. Сите учесници добиваат стартно бројче без чип и маица, а финишерите со бројче добиваат и финишер медал.
- На трката можат да учествуваат сите кои ќе се пријават, без оглед на возраста или попреченоста. Целта е лицата со попреченост да трчаат заедно со сите нас, без разлика дали се професионалци во атлетиката или почетници. Учеството е отворено за сите
- Пријавувањето се врши online, и истото ќе трае до 20ти октомври. По овој датум нема да биде можна регистрација. Цената на пријавата е 400 денари. Пријавата за лицата со попреченост е бесплатна. Повеќе информации на ak7minoemvri@yahoo.com
- За лицата под 18 години потребна е согласност од родител/старател и истите можат да имаат придружници. Лицата кои имаат некаква попреченост, можат да имаат придружник без оглед на возраста (Доколку и придружникот сака да добие финишер медал истиот потребно е да се пријави, во спротивно не добива финишер медал). Родителите/старателите на трката се одговорни и вршат проценка за физичката спремност на децата и лицата со попреченост. Дозволено е учество со колички на туркање. Сите останати учесниците се лично одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
Откажување од учество и непредвидени околности
Учесникот може да се откаже од трката и нема обврска за тоа да го извести организаторот. Во случај на откажување на учесникот или неможност да учествува во трката заради непредвидени околности, организаторот нема обврска да го врати уплатениот износ.
Напомена: Во случај на откажување на трката поради виша сила или забрани за движење/организирање настани, уплатените средства не се враќаат, а учесниците ќе можат да ја префрлат пријавата за следната година и да го сменат учесникот.
Организаторот го задржува правото да врши промени во Правилата за учество.